Срце му се кине: Драгиќ плаче на клупата затоа што не може да игра во големото финале (Видео)

Горан Драгиќ дефинитивно е малерот во финалната серија од НБА-плејофот. Словенечкиот кошаркар се повреди уште во првото полувреме од првиот меч и мораше предвреме да го заврши тој дуел. По лекарските контроли, беше потврдено дека се работи за посериозна повреда, па Драгиќ го немаше во составот на Мајами ниту во вториот, ниту во третиот меч.

Утрово Драгиќ беше на клупата на Мајами, но со бандажирана нога и јасно беше дека повторно нема да може да игра. Пред почетокот на дуелот, камерата го улови Драгиќ како од мака поради тоа што не може да им помогне на соиграчите, заплака на клупата.

Пред почетокот на финалето, Драгиќ беше еден од најсреќните велејќи дека играњето во финалето на НБА-плејофот е остварување на еден од неговите сонови. Сепак, само едно полувреме на теренот од четири меча е премалку, па Горан утрово немоќно гледаше како неговиот тим губи од Лос Анџелес лејкерс. 

- Оглас -

Најнови вести