Срцепарателно: Ова е видеото кое го расплака Јирген Клоп (Видео)

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека плачел додека ја гледал снимката на која медицинските лица во Англија во еден глас го пејат рефренот од навивачката песна „You’ll Never Walk Alone”.

Премиерлигата е запрена барем до 30-ти април, а харизматичниот Германец покажа хумана страна, бил трогнат од потегот на луѓето кои се борат со коронавирусот во Англија. Лекарите и сестрите беа одвоени со стаклена врата и ја пееја песната која се пее пред секој домашен меч на Ливерпул, во која на фудбалерите во црвени дресови им се порачува дека никогаш нема да бидат сами.

„Не знам перфектно англиски за да најдам збор со кој најубаво можам да опишам колку сум воодушевен. Вчера ми го испратија видеото со лекарите на интензивна нега кои пееја и веднаш почнав да плачам. Ова покажа дека луѓето не само што работат, туку имаат и дух. Лекарите се навикнати да помагаат и си го ризикуваат сопственото здравје. Имам огромна почит кон нив“ – рече Клоп.

- Оглас -

Најнови вести