Срушен првиот светски рекорд во Доха, сензација во скок во далечина

Мешаната штафета (мажи и жени) на САД постави нов светски рекорд на патеката 4 по 400 метри. Во полуфиналето, американскиот тим истрча со време од 3:12,42 минути и речиси за една секунда го надминаа досегашното најдобро време кое изнесуваше 3:13,20 минути.

Чудо се случи во финалето во скок во далечина. Таџеј Гајл од Јамајка беше апсолутен аутсајдер, бидејќи влезе како последен патник во финалето со скок од 7,89 метри. Сепак, во битката за медали, Гајл скокна 8,69 метри и тоа му беше доволно за да стигне до златото.

- Оглас -

Најнови вести