Стадион на кој настапиле Пеле и „Ролинг стоунс“, претворен во болница

Култниот стадион „Пакеамбу“ во Сао Пауло, кој постои 78 години и на кој се играа мечеви од Светското првенство во 1950 година и шест финалиња на Копа Либертадорес, сега е претворен во болница.

Официјалното име на стадионот е „Пауло Мачадо де Карваљо“, и тој е многу значаен за Бразилците бидејќи таму се наоѓа националниот фудбалски музеј. Во минатото, на овој терен своите мечеви ги играа четирите најголеми клубови од Сао Пауло, а тоа се Коринтијанс, Палмеирас, Сао Пауло и Сантош. Таму концерти држеа групите „Ролинг Стоунс“ и „Ајрон мејден“, а папата Бенедикт 16 држеше миса.

Деновиве таму има шатори и болнички кревети, за лекување на болните од коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести