Стадионот во Струмица доби ново име

Претседателот на ФК Беласица, Славчо Васков-Пинда, донесе одлука на денот на одбележувањето на годишнината од смртта на „Горостасот меѓу стативите Благој Истатов“, стадионот „Младост“ да се преименува во „Благој Истатов“ во чест на фудбалската легенда на ФК Беласица и македонскиот фудбал, човекот синоним за фудбалот во Струмица.

Оваа одлука објавена вечерва наиде на многу позитивни реакции бидејќи Истатов е легенда која го заслужува ова. Беласица е концесионер на еден од најубавите стадиони во Македонија.

- Оглас -

Најнови вести