Стајлингот на Бензема беше копија на човекот кој беше брутално убиен пред две и пол децении

На Карим Бензема синоќа му се оствари детскиот сон, а тоа е да ја освои Златната топка на „Франс фудбал“. Францускиот голгетер беше избран за најдобар во светот за сезоната 2021/22.

На церемонијата во Париз, Бензема пристигна до своето семејство, а кога ја освои наградата, на сцената до него ги повика синот и мајка му. Освен по освојување на Златната топка, Бензема беше во центарот на вниманието и по стајлингот, кој беше впечатлив.

Малку требаше за да се дознае всушност чиј стил ископира Бензема на синоќешните награди. Пред речиси 30 години, речиси во иста таква комбинација беше облечен славниот рапер Тупак Шакур на доделување на музички награди.

Тупак, кој беше еден од најпознатите рапери во светот, беше убиен на 13 септември 1996 година во пукање во Лас Вегас.

- Оглас -

Најнови вести