Стана и клупски рекордер – Од 48 клуба, само еден тим не примил гол во Лигата на Европа, капитен им е македонски репрезентативец

Аријан Адеми со прекрасна асистенција го круниса рекордниот настап за Динамо Загреб во европските купови и со 77-миот меч што го одигра вечерва против Феенорд стана фудбалерот со најмногу натпревари за популарните Модри.

Капитенот на Динамо Загреб сега има еден меч повеќе од Бразилецот Самир, кој остана на второто место, а зад нив е Милан Бадељ со 52 натпревари во еврокуповите.

Динамо со победа од 2:0 го освои првото место во групата К во конкуренција на Волфсбергер со 7, Феенорд со пет и ЦСКА Москва со три бода на едно коло до крајот на натпреварите во фазата по групи.

И што е многу важно за клубот од Загреб, играат импресивно и се единствениот тим од вкупно 48 што се натпреваруваат во 12 групи без примен гол по пет кола.

Гол-разликата им е 6:0 и ќе се обидат да се одбранат и во последниот меч во групата К што ќе го играат против отпишаната ЦСКА на домашен терен на 10 декември.

 

- Оглас -

Најнови вести