Стана јасно зошто никој не го сака Давид де Хеа за голман во својот тим

Шпанскиот голман Давид де Хеа цела претходна сезона ја помина во барање на нов клуб и не успеа да најде. Докажаниот голман цели 12 години бранеше во Манчестер јунајтед, кога минатото лето му ја покажаа излезната врата.

Се очекуваше дека Де Хеа брзо ќе најде нов клуб, но не е така, па затоа цела сезона голманот ја пропушти. Летово тој уште е во потрага по клуб и тешко му оди да го најде тоа што го посакува.

Како главна причина поради која Де Хеа не може да најде нов клуб е платата која ја бара. Шпанскиот голман несомнено има квалитет, но веќе цела година паузира, а сега за некој да го ангажира, сака плата од пет милиони евра по сезона. Ова барање на голманот е неприфатливо ниту за клубовите од Саудиска Арабија, а не па за екипите од Европа.

Се поверојатно е дека доколку Де Хеа не ги намали своите побарувања, ќе остане без клуб и во сезоната која следи.

 

- Оглас -

Најнови вести