Стана мода да се уништуваат статуи на фудбалери, настрада и Алексис Санчес

Статуата на чилеанскиот фудбалер Алексис Санчес во неговиот роден град Токопилја, беше сериозно оштетена од вандали. Откако видоа како нивните шведски колеги ја уништуваа статуата на Златан Ибрахимовиќ во Малме, и фановите од Токопилја се изживуваа врз статуата на Санчес.

Се претпоставува дека причините за уништувањето не е од спортски, туку од политички причини. Во Чиле владее анархија, на протестантите им пречат секакви работи, па решија да удрат по статуата на играчот на Интер.

Најголеми оштетувања има во делот на главата и ногата на статуата. Ова е трета уништена статуа во овој чилеански град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести