Стана жешко во Лисабон – Де Бројне израмни, Дембеле го врати Лион во предност (Видео)

Жешко станува во Лисабон во последното четвртфинале во Лигата на шампионите, а Лион води со 2:1, откако во кус рок беа постигнати два гола.

Рахим Стерлинг блесна со одлична акција во 69. минута и му сервираше чиста позиција на Кевин Де Бројне, кој погоди и израмни на 1:1.

Англискиот тим не се предаде по неочекуваната негатива од 24. минута, кога Максвел Корне повторно по четврти пат на трите меѓусебниндуели им ја затресе мрежата, па продолжија да напаѓаат.

Иницијативата им се исплатеше во 69. минута, кога Стерлинг одигра одлично и му асистираше на Белгиецот, кој погоди ниско по земја за нершено на „Жозе Алаваладе“ во Лисабон.

https://twitter.com/___KING7/status/1294733564261670914?s=20

Но, веднаш потоа Муса Дембеле ја врати предноста на францускиот тим со погодок во 79. минута. Имаше проверка со помош на ВАР системот, а за среќа на Лион голот беше регуларен.

Победникот од последното четвртфинале ќе игра со Баерн на 19. август на истиот стадион од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести