Едно европско првенство ќе се одложи затоа што во редовите на шампионот има заболени од Коронавирусот

Будуќност ја потврди доминацијата во првенството на Црна Гора и ја освои фудбалската титула, иако до крајот има уште пет кола до крајот. Шампионот немаше шанса убаво да се израдува на трофејот, затоа што беше откриено дека еден фудбалер на тимот од Подгорица бил позитивен на Коронавирусот.

Поради овој случај со заразен од опасниот вирус, сите играчи од клубот мора да одат во двонеделна изолација. Засега се чекаат резултатите и од останатите фудбалери, но неизвесно е што ќе биде и со фудбалерите на противничките екипи од последните две кола.

Будуќност играше против ОФК Петровaц и Подгорица Ком, а посто страв дека може да има заразени и во останатите клубови. Според пишувањата на „Вијести“, утрешните мечеви од 32. коло нема да се одиграат, а првенството ќе биде одложено на неодредено време.

- Оглас -

Најнови вести