Станковиќ повторно во Интер, ќе ги тренира младинците

Поранешниот репрезентативец на Србија и долгогодишен член на Интер, Дејан Станковиќ, се врати во таборот на Нероаѕурите каде што ќе работи како тренер во академијата. Станковиќ ќе се обиде да ја пренесе својата специјалност на младинците, а воедно ќе може да соработува со својот 17-годишен син Филип, кој брани за Интер примавера.

Станковиќ го носеше дресот на Интер од 2004 до 2013 година, со гигантот од „Џузепе Меаца“ го достигна врвот на кариерата кога ја освои тројната круна во 2010 година. Одличниот везист запиша повеќе од 320 настапи за Интер во кои постигна 42 гола. Откако ја заврши кариерата во 2013 година, Станковиќ работеше како асистент во Удинезе, а повремено се појавуваше на ТВ екраните како стручен аналитичар.

 

- Оглас -

Најнови вести