Станува доктор за вакви погодоци: Барди вака го матираше и најскапиот голман во свет (Видео)

Македонија води со 1:0 по првиот дел на мечот против Лихтенштајн, во рамките од квалификациите за пласман на СП 2022 година. Во текот на сите 45 минути, нашата селкција беше подобра, но само еднаш се израдува.

Енис Барди од преку 25 метри го матираше чуварот на мрежата на Лихтенштајн и погоди директно од слободен удар, иако позицијата беше поволна за центаршут во шеснаесетникот на противникот. Голманот на гостите дури го потцени Барди, па во „Живиот ѕид“ постави само еден играч.

https://streamable.com/a1bd3z

Тоа беше доволно Барди да направи мајсторија и да погоди директно во голот. Дека овој погодок против Лихтенштајн не е случаен потврдува и фактот дека Барди ист ваков гол му даде и на најсгапиот голман во светот, Кепа Аризабалага.

Додека го бранеше голот на Атлетик Билбао, Барди на еден меч му даде два погодоци од слободен удар на Кепа, а едниот беше речиси од идентична позиција како денешниот против Лихтенштајн.

- Оглас -

Најнови вести