Станува тензично: Шпанската федерацијa го испитува трансферот на Гриезман во Барселона

Шпанската федерација започна истрага против Барселона и напаѓачот Антоан Гриезман, по жалбата која ја вложи Атлетико Мадрид. Каталонскиот гигант плати 120 милиони евра за да го купи напаѓачот на Јорганџиите. Тоа беше сумата која стои во договорот како откупна клаузула по завршување на минатата сезона.

Сепак, во Атлетико се чувствуваат измамено. Мадриѓани бараат уште 80 милиони евра од трансферот, потенцирајќи дека откупната клаузула на Гриезман пред завршување на сезоната изнесувала 200 милиони евра. Од Атлетико тврдат дека договорот меѓу Барселона и Гриезман е склучен многу пред завршување на сезоната, па затоа откупната клаузула не е 120 милиони евра, колку што плати тимот од „Камп Ноу“.

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо вели дека има докази дека трансферот на Гриезман во Барселона е договорен на 9 март, кога откупната клаузула изнесувала 200 милиони евра. Сега останува Атлетико на суд да докаже дека Барселона должи уште 80 милиони евра за овој трансфер.

Доколку се потврди дека Барселона треба да доплати плус пари за Гриезман, францускиот напаѓач ќе стигне до вториот најскап трансфер во историјата, веднаш зад Нејмар кој пред две години, за 222 милиони евра од Барселона замина во ПСЖ.

 

- Оглас -

Најнови вести