Стара приказна со Азар, но Зидан доби и добри вести

Зинедин Зидан нема да смета на Еден Азар за утрешниот клучен меч против Вилјареал во последното коло од Ла Лига. Веќе е стара приказната на Азар и неговите чести повреди откако стана Галактико, но денес не бил во можност да тренира со екипата, а проблемот не е познат.

Но предводникот на Кралевите доби и добри вести во пресрет на најважниот натпревар во сезоната, а тоа е дека капитенот Серхио Рамос и неговиот партнер во одбраната, Рафаел Варан, без проблеми ги одработија последните подготовки во пресрет на пресметката со Жолтата подморница и се подготвени за настап.

Реал утре ќе биде посилен со стандардните стопери, со нив имаат поголеми шанси да ги освојат трите бода, а во меѓувреме да чекаат кикс на Атлетико со цел да ја одбранат титулата во Шпанија.

За потсетување, Атлетико во последното коло влегува како лидер со 83 бода, додека Кралевите имаат два бода помалку.

- Оглас -

Најнови вести