Стариот мајстор неуморен од давање голови: Суарес со хет-трик во првото полувреме дебитираше за Гремио (Видео)

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарес, на дебито во дресот на Гремио покажа дека ќе биде големо засилување за тимот. Еден од најдобрите напаѓачи на светот во последните 15-тина години даде три гола, и тоа сите во првото полувреме.

Претходниот хет-трик во прво полувреме Суарес го имаше во декември 2013 година, кога играше за Ливерпул, а жртва беше Норвич.

Ова беше меч од регионалниот Рекопа Гаучо (Суперкуп помеѓу најдобрите екипи од шампионатот и купот на Гаучо од сојузната држава Рио Гранде до Сул), а Гремио со 4-1 го победи Сао Луиз.

Погледнете ги головите на Суарес:

- Оглас -

Најнови вести