Старо-новиот шампион на Вимблдон утре ќе доживее нов пад на АТП-листата

Новак Ѓоковиќ денес ја одбрани титулата на Вимблдон за вкупно 21-ви гренслем трофеј во кариерата, односно седми на британското Отворено првенство. Во финалето го совлада Ник Кирјос со 3-1 во сетови, а сега двајцата тенисери се во непријатна позиција.

Имено, од утре Ѓоковиќ ќе биде седми најдобар тенисер на светот според АТП-листата, односно ќе доживее пад од четири места, иако пред нешто повеќе од еден месец беше на самиот врв. Кирјос како финалист наместо да добие бодови и да се искачи на листата, ќе падне од 40-тото на 45-тото место.

Сето ова се случува по санкциите на АТП и ВТА кон организаторите на Вимблдон кои забранија учество на руски тенисери и тенисерки. Поради тоа нема да се бројат бодовите од неофицијалното светско тениско првенство.

Така Ѓоковиќ уште вечерва ќе стои на третата позиција со 6.770 бода, Кирјос на 40-тото место со 1.070 бода.

- Оглас -

Најнови вести