Стартни состави за ЛШ – Роналдо ќе ги нападне „Младите момци“ од Берн

Кристијано Роналдо имаше фантастичен камбек во дресот со број 7 на Манчестер јунајтед и постигна два гола против Њукасл во првиот меч за Црвените ѓаволи по 12 години пауза.

Вечерва во Берн популарниот ЦР7 ќе се обиде пак да одигра во свој стил, а Оле Гунар Солскјер одлучи Португалецот повторно да биде стартер за Јунајтед, сега во новата авантура во Лигата на шампионите.

За Роналдо, кој предизвикува магија на европските терени, Швајцарците дури ги сменија и протоколите за ковид, па им дозволија на околу 1.800 навивачи на Манчестер јунајтед да го следат мечот во Берн.

Вечерва од 18.45 часот со двата дуели меѓу Јанг бојс и Манчестер јунајтед и Севилја против Салцбург почнува новото издание во Лигата на шампионите.

СОСТАВИ

Јанг бојс – Вон Балмос, Хефти, Лопер, Камара, Гарсија, Фашнахт, Ебишер, Мартинс, Моуми, Нгамалеу, Елиа, Сиеро.

Манчестер јунјатед – Де Хеа, Ван Бисака, Линделоф, Мегваер, Шо, Фред, Погба, Ван де Бек, Фернадеш, Санчо, Роналдо. 

 

Севилја – Бону, Навас, Кунде, Карлос, Акуња, Фернандо, Џордан, Ракитиќ, Сусо, Ен-Несири, Папу Гомес.

Салцбург – Кон, Кристенсен, Солет, Вубер, Улмер, Камара, Аронсон, Сучиќ, Сејволд, Шешко, Адејеми.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести