Статистиката покажува: Јувентус сигурно ќе победи, но ризик е да се игра „кец у кец“

Речиси и да не се памти кога Јувентус последен пат врзал три меча без победа во Серија А. Таква лоша низа му се заканува на италијанскиот првак, ако денеска не ги освои трите бода во дуелот со Удинезе.  Старата дама има реми со Сасуоло (2:2) и пораз на гости кај Лацио (3:1), поради што и го загуби лидерското место на табелата.

За разлика од киксовите во првенството, Јуве лесно победи на гости кај Баер во Леверкузен и само потврди дека е еден од фаворитите за трофејот во Лигата на шампиони. Денешен ривал на гигантот во Торино ќе биде Удинезе. Тим против кој Јувентус има шест победи и едно реми во последните седум меѓусебни средби.

Тренерот на Јуве, Маурисио Сари вели дека статистички, неговиот тим знае да киксира во првенството по дуелите од Лигата на шампиони, но се надева дека овојпат тоа нема да се случи.

„Статистички е видлив ризокот за губење на поени по мечевите од Лигата на шампиони, но ние мора да се бориме да го сопреме тоа. Не можам да кажам дека ривалите во ЛШ играат многу поотворено, бидејќи такви екипи не се ниту Баер Леверкузен ниту Локомотив Москва. Можеби во нашите мисли има заситување, бидејќи Јувентус освои толку многу титули во првенството, но ние секогаш мора максимално да се бориме“, рече Сари.

И статистиката покажува дека Јувентус не е многу убедлив во Серија А, па дури и кога победува. На последните девет меча во првенството, Старата дама само еднаш победи со повеќе од еден гол разлика (3:1 против Аталанта). На седум од деветте последни победи во Торино, разликата е само еден гол за Јувентус.

На последните шест меча пред своите навивачи, Јувентус само еднаш имал водство на полувреме и тоа против СПАЛ, додека во првите 45 минути не успевал да го скрши отпорот на ривали како што се Болоња, Џенова, Милан, Сасуоло… Затоа ќе биде интересно дали Јувентус овојпат уште од стартот ќе тргне да го реши прашањето околу победникот против Удинезе.

 

- Оглас -

Најнови вести