Статистиката покажува: Неверојатно е колку Барселона не може без Педри

Барселона влезе во мини-криза откако загуби од Манчестер јунајтед (2:1) и беше елиминирана од Лигата на Европа, како и поразот потоа од Алмерија во првенството на Шпанија. Овие два порази дојдоа веднаш по повредата на Педри.

Младиот играч за врска се повреди во првото полувреме од првиот дуел против Манчестер јунајтед, кој заврши 2:2. Статистиката со Педри на теренот и без него во тимот покажува колку овој талентиран играч недостасува во играта на Барселона.

Со Педри во тимот, Барселона има речиси 90 отсто победи во Примера дивисион. Во 30 средби, каталонскиот гигант има 27 победи, три нерешени и само еден пораз. Во таков биланс, тимот има освоено 84 од можните 93 бода.

Кога Педри не е во составот, Барселона има очајни 57 отсто победи и освоени само 31 од можните 54 бода. Во 18-те дуели на кои Педри не играл, екипата има девет победи, четири нерешени и пет порази.

Тренерот Чави Ернандес нема да може да смета на Педри најмалку уште на три меча. Играчот за врска нема да игра во Ел Класико против Реал Мадрид во полуфиналето од Купот на Шпанија, потоа против Валенсија во првенството на „Камп ноу“, како и против Атлетик во Билбао. Ако се гледа оваа традиција на Барселона без Педри во тимот, тешко дека навивачите на каталонскиот клуб ќе имаат многу причини за радост во следниот период.

- Оглас -

Најнови вести