Стеф и Клеј играа „лист, камен, ножици“ на клупа (видео)

Повредените ѕвезди на Голден стејт Стеф Кари и Клеј Томпсон убаво се забавуваа на клупата во текот на мечот меѓу Вориорс и Хит, во кој Мајами славеше со 113:101. Средбата во Сан Франциско беше посебна бидејќи за првпат по заминувањето од Голден стејт, пред публиката се појави Андре Игудала, па токму обложувањето на Стеф и Клеј се однесуваше за нивниот поранешен соиграч.

Играа „лист, камен, ножици“ на две добиени партии, а поразениот мораше да држи говор по мечот, а како што се гледа на видеото, загуби Томпсон.

Екскошаркарот на Воините од пред неколку дена е член на Мајами, но најдобриот дел од кариерата го помина токму со екипата која му донесе три шампионски прстени. Игуадла инаку беше избран за МВП во финалната серија во сезоната 2014/15.

- Оглас -

Најнови вести