Стефан Чолаковски од Сити е новата деветка на македонската репрезентација?!

Стефан Чолаковски може да биде новина во македонската фудбалска репрезентација на наредните натпревари од квалификациите за Светското првенство. Чолаковски, кој има 21 година и игра за Мелбурн сити (клуб чиј главен спонзор се газдите на Манчестер сити, па затоа и тимот има светло-сини дресови), со коgo освои титула во австралиското првенство, има желба да настапува за Македонија и веќе разговарал на оваа тема со новиот селектор Благоја Милевски.

Милевски од поодамна знае за Чолаковски, но сега би можелo да го повика и во сениорскиот национален тим. На ЕVRO 2020 се виде дека освен Илија Несторовски, немаме доволно добар централен напаѓач кој може да игра на високо ниво, па можеби Милевски ќе се реши да му даде шанса на нашинецот од Австралија.

Лани се појави информација дека Даниел Мусовски од ФК Лос Анџелес може да игра за нашата репрезентација, но таа варијанта пропадна. Сега од „прекуокеанските“ Македонци во прв план излегува Чолаковски, кој во мечот за титула во Австралија имаше асистенција, а во полуфиналето даде гол.

- Оглас -

Најнови вести