Стефан Ристовски: „Во репрезентацијата се случија некои работи за коишто не сакам да разговарам“

Фудбалската репрезентација на Македонија втор прозорец на ФИФА беше без капитенот Стефан Ристовски, кој поради несогласувања со селекторот Благоја Милевски, ја прекина, односно ја стави во мирување својата репрезентативна кариера.

Десниот бек подолг период беше повреден и не играше ниту за Динамо, но во репрезентаивната пауза беше дел од пријателски натпревар за екипата од Загреб, со што го најави своето враќање на зелените терени. Во големо интервју за „Вечерни лист“, Ристовски одговараше на многу прашања, секако и за репрезентацијата.

„Ова ми е навистина ново, малку чудно, има пауза и веќе размислувам за патот, натпреварот со репрезентацијата, а сега сè e мирно, така се случи, сега сум само играч на Динамо. Сакам да бидам посветен на Динамо и добро ми дојде одморот. Некои работи се случија во репрезентацијата, но не сакам повеќе да зборувам за тоа“, вели Стефан Ристовски за хрватскиот „Вечерни лист“.

Стефан Ристовски до повлекувањето од репрезентацијата одигра вкупно 82 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести