Стефон Кари е подготвен за камбек – Погоди неверојатни 26 тројки по ред (Видео)

Стефон Кари е блиску до камбек во дресот на Голден стејт вориорс и се очекува наскоро да го одигра првиот меч сезонава во НБА-лигата, по скршеницата на левата рака, а дека е во форма покажа на тренинг со неверојатна серија тројки.

Бекот на Воините погоди по ред дури 26 удари за три поени, а веќе е повикан да се приклучи на првиот тим од Санта Круз, филијалата на Голден стејт што настапува во Џеј-лигата.

Можно е Кари веќе ноќеска да одигра некоја минута против Денвер нагетс, а според тоа во каква шутерска форма е, може веднаш да конкурира и за место во стартната петорка.

Погледнете ја фантастичната серија од 26 прецизни удари на Стеф Кари од линијата за три поени.

- Оглас -

Најнови вести