„Стемфорд бриџ“ ќе грми во чест на Џон Тери

Челзи утре го пречекува тимот на Астон вила во рамки од 15-тото коло од Премиер лигата. Мечот ќе биде од посебно значење за навивачите на Сините бидејќи со нетрпение го чекаат појавувањето на Џон Тери. Легендaрниот капитен на клубот од Западен Лондон ќе се врати на „Стемфорд бриџ“ првпат откако се раздели во 2017 година.

Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, најави дека клубот заедно со навивачите се подготуваат за емотивен пречек на Тери.

„Кон Џон немам ништо освен неизмерна почит. Секако дека сме фокусирани на самиот меч, но утрешниот настан ќе биде во негов знак. Навивачите топло ќе го пречекаат, знам дека ќе го преовладаат емоции. Тој е најдобриот капитен што овој клуб некогаш го имал, освои сè што може да се освои со Челзи и воедно остави трага која никогаш нема да се заборави“, истакна Лампард.

Тери веќе втора сезона работи како прв асистент на менаџерот на Астон вила, Дин Смит. Поголемиот дел од богатата и долга кариера ја помина во Лондон, а со Челзи освои дури 17 трофеи. Тери уште го држи рекордот за капитен со најмногу премиерлигашки титули – пет.

- Оглас -

Најнови вести