Стерлинг даде гол со циркуска акробација, Сити го декласира Брајтон со 5:0 (Видео)

Рахим Стерлинг постигна многу интересен и необичен последен гол за Манчестер сити против Брајтон, а ланскиот шампион на Англија го декласира домаќинот со 5:0.

Англискиот репрезентативец одлично се снајде во 81. минута и иако беше паднат на тревникот со глава успеа да ја смести топката во мрежата на Метју Рајан.

https://twitter.com/sahtedokuzmessi/status/1282053172790546437?s=20

Стерлинг постигна хет-трик, а најави нова убедлива победа на Манчестер сити против Брајтон во 21. минута. По него прецизен беше и Габриел Жезус во 44. минута, па повторно Стерлинг погоди во 53. минута, а катастрофа на Брајтон најави Бернардо Силва со гол за 0:4.

Стерлинг го почна и го заврши гол-шоуто на популарните Граѓани, кои уживаат на натпреварите против Брајтон во последно време. Против денешниот ривал имаат постигнато 13 голови на последните три меѓусебни дуели, или над 4 по меч.

Ова беше втор триумф по ред со 5:0 на Манчестер сити, екипа што ја чека реванш осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Со победата вечерва на „Амекс“ во Брајтон Манчестер сити е на два бода да ја обезбеди вицешампионската титула во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести