Стерлинг прави трансфер од 115 милиони евра!

Фудбалерот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, има понуда од 115 милиони евра за договор во траење од 10 години. Оваа понуда не е од некој фудбалски клуб, туку од компанијата за спортска опрема „Пума“, која сака да му биде спонзор на англискиот напаѓач.

Германска „Пума“ е спонзор на Сити, Граѓаните веќе носат нивни дресови, а претходно, англискиот првак носеше дресови од „Најки“, компанија со која Стерлинг има договор уште сам два месеци. Освен „Пума“ која е блиску до договор, спонзори на Стерлинг сакаат да бидат и „Адидас“, „Њу баланс“ и „Андер армор“.

Ако го потпише договорот од 115 милиони, Стерлинг ќе стане најплатено заштитно лице на „Пума“ во историјата. Цената на Стерлинг во комерцијална смисла скокна не само поради игрите во дресот на Сити, туку и поради настапите во медиумите во врска со расизмот во фудбалот во Велика Британија.

- Оглас -

Најнови вести