Стерлинг страда со адаптацијата во Челзи – Не шутна на голот во првите три кола (Фото)

Рахим Стерлинг страда со адаптацијата во Челзи и тоа му оди тешко откако за 50 милиони фунти летово се пресели од Манчестер сити во клубот од Лондон.

Репрезентативецот на Англија беше стартер на сите три меча на стартот од сезоната за Челзи и учинокот му е мизерен.

Не постигна ниту еден гол, нема ниту еден удар кон голот на ривалите, а успеа да запише само една асистенција за голот на Рис Џејмс против Тотенхем во ремито 2:2.

И останатите статистички категории му се лоши, а можете да ги погледнете во прилогот.

Стерлинг потпиша петгодишен договор со Челзи вреден 47 милиони фунти, плус уште три милиони фунти како бонуси.

 

- Оглас -

Најнови вести