Стигна понуда за Арсен Венгер

Фудбалската федерација на Катар контрактирала со Арсен Венгер да биде нивен нов селектор на националниот состав. Според француските медиуми, Катар сака Венгер да биде на чело на репрезентацијата и да ги води на следното Светско првенство во 2022 година, на кое ќе бидат домаќини.

Засега не е спомената точна сума за плата, се чека првo реакцијаta на францускиот стратег, па цифрите подоцна ќе се одредат. Венгер е без работа откако по 22 години го напушти Арсенал по крајот на минатата сезона, а доколку прифати да биде селектор на Катар, тој ќе го замени Феликс Санчеs, кој доби отказ поради лоши резултати.

Инаку, Венгер никогаш во тренерската кариера не бил селектор на една репрезентација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести