Стив Кер е назначен за нов селектор на кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави.
Предводникот на Голден стејт ворирорс ќе го замени легендарниот Грег Попович, кој си замина по освојувањето на златото на последните ЛОИ во Токио.
Кер досега беше асистент во оваа селекција, а свесен е за предизвиците коишто го очекуваат.
„Сите мислат дека е лесно, но да се биде селектор на САД, е голема чест и одговорност.
На тоа можев да се уверам на последната Олимпијада во Токио, каде што бев како асистент. Горд сум што можам да кажам дека ќе ја водам оваа селекција кон нови успеси“ изјави Кер.
Тој како играч на САД беше дел од Светското првенство во 1986 година кое се одржа во Шпанија, каде што го освои златниот медал.
Договорот му истекува по Летните oлимписки игри кои се закажани за во Париз 2024 година, а во меѓувреме ќе ја води селекцијата на САД и на Светското првенство кое ќе се игра една година порано во Индонезоја, Јапонија и Филипините.