Стивен Сигал ги разочара Русите и уште милиони други низ светот

Американскиот актер Стивен Сигал, кој со улогата на Нико од пред 30-тина години се прослави во светот по своите способности во боречките вештини, во интервју за „Раша тудеј“, рече дека не мисли оти Хабиб Нурмагомедов е најдобриот ММА борец во светот. Хабиб има 28 победи на 28 меча, има милиони фанови низ светот, но Сигал не го става на врвот.

„Дали Хабиб е најдобар во моментов во мешаните боречки вештини? Не“ – рече Сигал, со кого не се согласуваат многумина.

Сигал рече дека не му давал совети на Нурмагомедов, бидејќи не е негов тренер, но призна дека Дагестанецот е одличен борец.

„Немам право да му давам совети. Не е мој ученик. Не сум се ни сретнал со него. Мислам дека е голем борец. Тој е неверојатен фајтер, одличен во борењето“ – вели Сигал кој смета дека во ММА борбите недостасуваат елементи на аикидо.

- Оглас -

Најнови вести