Стивен Стамкос прв стрелец во историјата на Тамба Беј

Најпознатиот активен хокејар во НХЛ-лигата со македонско потекло Стивен Стамкос со голот против некогаш моќниот, а сезонава слабиот Детроит ред вингс, се изедначи со Вини Лекавалие на првото место по бројот на постигнати голови во дресот на Тампа Беј лајтнинг. Детроит водеше со 3-0 и тогаш Стамкос даде гол за 3-1 и го најави големиот пресврт.

Стамкос има дадено 383 гола и можеби веќе на наредниот меч ќе биде осамен лидер по број на голови во клупската историја на „молњите“, чиј капитен е во моментов. Нашинецот, чиј татко е од егејска Македонија, овие 383 погодоци ги има постигнато на 735 натпревари во неговата 11-годишна НХЛ-кариера. Лекавалие до 383 дојде по 14 сезони и 1.037 меча.

„Како дете, не ми беше сон да бидам прв стрелец во историјата на некоја франшиза, туку само да играм во НХЛ. Убаво е чувството. Чест ми е што сум рамо до рамо со човекот кој ми помагаше кога бев помлад“, изјави 29-годишниот Стамер, како што го викаат во САД.

РЕЗУЛТАТИ: Бафало – Питсбург 0-5, Њујорк ајлендерс – Монтреал 2-1, Филаделфија – Вашингтон 2-5, Детроит – Тампа Беј 4-5, Отава – Сент Луис 2-0, Минесота – Далас 1-4, Винипег – Бостон 4-3, Аризона – Анахајм 6-1, ЛА Кингс – Нешвил 1-3, Сан Хозе – Флорида 2-4.

- Оглас -

Најнови вести