Стоечки овации за легендата – Серена го одигра својот последен меч во пребогатата кариера (ВИДЕО)

Серена Вилијамс го одигра својот последен меч во кариерата, откако загуби во шеснаестина финалето на САД Опен од Ајла Тoмјановиќ со 2:1 во сетови.

Австралијанката, која што е родум од Загреб славеше на триумфот во еден драматичен меч кој заврши 7:5, 6:7 (4), а Серена во последниот сет немаше сили да се спротистави и загуби со 6:1.

За бројките зад Серена доволно е да се каже дека има 23 гренд слем титули во сингл, додека заедно со својата сестра имаат и 14 круни во двојна конкуренција.

„Артур Еш“ со стоечки овации се збогува со легендата, која не заслужи ништо помалку.

Томјановиќ во наредната фаза ќе се сретне со Лудмила Сансонова во меч кој што е закажан за утре од 17 часот.

Кај мажите, пак, првиот носител Данил Медведев со 3:0 во сетови (6:4, 6:2, 6:2) го победи Јибинг Ву, а со ист резултат, но со 6:4, 6:2, 6:3 Ник Кирјос беше подобар од Џефри Волф.

- Оглас -

Најнови вести