Стоилов и Парондо знаат дека Вардар веќе е во четвртфиналето, но мора сериозно да се одработи и реваншот со Загреб

Македонскиот првак Вардар треба рутински да го одработи возвратниот меч против Загреб во осминафиналето од Лигата на шампионите и „црвено-црните“ да ја продолжат борбата за европскиот трон. Вардар има одлична залиха од 27:18 стекната по првиот меч во Загреб. Тоа значи дека Вардар едноставно не смее да загуби со девет разлика за да биде дел од осумте најдобри клубови во елитното континентално натпреварување.

Капитенот Стојачне Стoилов

„Точно е дека имаме одличен резултат и дека веќе сме во четвртфиналето, но тоа не значи дека треба да се опуштиме. Загреб ќе сака да го обели образот, а ние мора да го сфатиме сериозно овој дуел и максимално да бидеме подготвени“, вели капитенот Стоилов.

Тренерот Гарсија Парондо потенцира дека не смее да има опуштање.

„Не смееме да заборавиме дека Загреб е добар тим. Разлика која ја стекнавме на првиот меч не смее да ни даде чувство дека е готово. Мора да одиграме добро и во реваншот за да се најдеме во четвртфиналето од ЛШ“, рече Парондо.

Дуелот меѓу Вардар и Загреб се игра в сабота со почеток од 19:15 часот.

- Оглас -

Најнови вести