Стоилов: Освен што се домаќини, ништо друго не ме плаши од Австријците

Стојанче Стоилов, еден од најголемите борци во нашата репрезентација, верува дека Македонија може да ја победи Австрија и да продолжиме во главната фаза од Европското првенство.

„Натпревар да се биде или не за нас. Ако победиме со два гола, носиме бодови, што е многу битно. Натпревар на којшто ќе видиме кој сме и што сме. Треба да поправиме некои ситници од мечот со Чешка на кој, според мене, воопшто не одигравме лошо, но тие ситници решаваат дали ќе победиш или не. Се надевам дека ќе победиме и ќе се израдуваме самите себе, но и цела нација. Мотивацијата не е проблем, добро се чувствуваме сите. Сè е како што треба, наше е да излеземе и да победиме“, вели Стоилов.

Што се однесува за противникот, Стоилов знае дека најголемата опасност доаѓа од бековите.

„Имаат опасни шутери на бековската позиција, но освен тоа што се домаќини, ништо друго не ме плаши. Добро знаеме против кого играме и се надевам дека ќе ги анулираме нивните предности“, заврши Стоилов.

 

- Оглас -

Најнови вести