Стоилов порача: Да победиме за навивачите, за градот, за сите кои го сакаат Вардар

И покрај лошата ситуација во Вардар, во редовите на актуелниот европски првак владее оптимизам дека може да се победи во дуелот против Мотор Запорожје, а на тој начин и да се обезбеди место во осминафиналето од ракометната Лига на шампиони.

Вардар е во голема криза, а вчера беше потврдено дека од клубот си заминаа Криштопанс и Атман. И порај лимитираниот број играчи, капитенот Стојанче Стоилов најавува голема борба на теренот в сабота.

„Нè очекува многу тежок меч. Тешка е ситуација во клубот. Си замина клучен играч. Треба да бидеме реални, Вардар со и без Кристопанс не е исто. Наше е да се бориме и да се обидеме да победиме. Ќе видиме на теренот што ќе се случи. Ова со проблемите не е ново, долго време се влече. Тешко е, но играме дома, се надевам пред полна сала. Може да биде еден од последните мечеви, никој ништо не знае, реално треба да дадеме сè од себе, за навивачите, за градот да го победиме Мотор и да се пласираме во осминафиналето и да се помачиме уште малку. Ние сме актуелен европски првак, а односнот кон нас е смешен. Не знаеме каква е иднината на клубот. Реално ќе биде тешко дури и да ја одбраниме титулата во домашното првенство. Имаме лимитиран состав“ рече Стоилов.

Тренерот Стевче Алушовски ќе го има првиот меч на домашен терен како тренер на Вардар во дуел од Лигата на шампионите.

„Знаете дека имаме проблеми со играчиот кадар, но кога играме на домашен терен, посебно што е прв меч во новата година, максимално сме фокусирани, без разлика на проблемите. Треба да го дадеме максимумот. Сите љубители на ракометот и навивачи на Вардар да дојдат и да дадат поддршка. Со оваа победа дефинитивно да се пласираме во осминафиналето. Мотор е сериозна екипа, која секако ќе дојде со амбиции на да победи, но ние сме актуелен европски првак и се надевам на најдоброто во сабота“, вели стратегот на Вардар.

- Оглас -

Најнови вести