Стојанче Стоилов ќе биде нов тренер на Бутел, Жарко Пешевски останува верен на Пелистер

Поранешниот капитен на Вардар и некогашен член од стручниот штаб на Црвено-црните, Стојанче Стоилов, од утре ќе има нов предизвик. Стоилов треба да биде промовиран во нов тренер на тимот на Бутел, а предизвикот ќе го започне од следната сезона. Легендарниот пикер ќе го преземе местото на сегашниот стратег Горан Кузманоски, кој продолжува да работи на интернационалната сцена, во Кипар.

Освен овој договор за тренерска соработка меѓу Стоилов и Бутел, новости има и во Битола. Репрезентативниот пикер ја продолжи соработката со тимот на Еурофарм Пелистер на уште една сезона.

„Срцето на нашиот проект и во иднина ќе бидат квалитетни македонски репрезентативци, кои, како и во цела наша историја, ќе го носат дресот на Еурофарм Пелистер. Во тој правец со гордост го објавуваме потписот на нов договор на кружниот напаѓач Жарко Пешевски. Тој се обврза на договор со шампионот на Македонија и за сезоната 2026/27, со што успешната приказна на Пешевски со нашиот клуб ќе продолжи и во иднина. Неговото доаѓање во Битола се поклопи со трофејниот период и растот на клубот. Затоа заедно ќе водиме нови предизвици и ќе освојуваме нови трофеи во иднина“, стои во соопштението од Пелистер.

 

- Оглас -

Најнови вести