Стојановски и Радески во нападот за дуелот против Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација како ретко кога ја има фаворитската улога во дуелот против Лихтенштајн. На дуелот на арената „Тодор Проески“, Македонија треба лесно да слави против ривалот со кој имаме осум победи и само едно реми, без ниту еден пораз.

Според најавите, во стартниот состав ќе го нема капитенот Горан Пандев, а во нападот треба да бидат Влатко Стојановски и Марјан Радески. Евентуално постои варијанта да играме и со трет напаѓач, па опција е Илија Несторовски или Трајковски.

Арјан Адеми кој блесна во второто полувреме на дуелот против Романија, сега би требало да биде во стартниот тим и да даде придонес за да може Македонија уште во првиот дел да стигне до сигурна предност. Тоа значи дека Бобан Николов треба да биде на клупата за резерви.

Кој и да биде во стартните 11 на селекторот Игор Ангеловски, треба да докажат дека Македонија е за класа подобра од денешниот ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести