Стојановски за малку задоцни за дербито со Хајдук, ќе дебитира за Горица против вториот хрватски гигант

Влатко Стојановски за малку пропушти да дебитира за новиот клуб Горица против хрватскиот гигант Хајдук, но ќе има убава можност сепак да го памети своето деби за тимот од Велика Горица.

Македонскиот репрезентативец вчера беше претставен како големо засилување за Горица и ќе може да игра на „Максимир“ против вториот гигант на хрватскиот клуб, Динамо Загреб во петок, на 13. август.

Неговиот потпис за Горица беше пролонгиран за речиси една недела поради административни проблеми на реалција Ним-Горица, но францускиот клуб сепак му дозволи да ја смени средината.

Стојановски потпиша тригодишен договор со новиот клуб, а е најавен како големо засилување за Горица.

„Се чувствувам одлично и се радувам што ќе играм за добро организиран клуб, кој се повеќе напредува и има големи амбиции. Подготвен сум да играм и добро ја познавам хрватската лига“, изјави Стојановски.

Тој веќе настапуваше во Хрватска, за РНК Сплит и за екипата на Дугопоље, па ова ќе му биде трет клуб во оваа земја.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести