Стојков верува во традицијата и типува победа на Јувентус против Милан

3001 Специја – Наполи (Сабота, 15 часот)

Една од највредните победи на Специја во историската сезона за нив е токму против Наполи со 2:1, на гости во првиот дел од сезоната. Мојот поранешен тим малку и падна во формата во првиот настап во Серија А, но очекувам сепак да се спаси од испаѓање.

Специја има симпатичен тим и може да му зададе доста проблеми на разнишаниот ривал. Голот што го прими Наполи од Калјари во последните моменти од судиското продолжение во минатото коло повторно донесе многу потреси во Неапол.

На жешкиот југ на Италија тешко се доживуваат неуспесите, а за Наполи би бил вистински дебакл ако не успее да избори настап во Лигата на шампионите.

Иако ќе играат без Осимен, Кулибали и уште неколку стандардни играчи очекувам гостите да тргнат во офанзива од самиот почеток на мечот. Специја покажа дека има опасни играчи за контранапади, па ќе типувам дека ќе има најмалку три гола и дека ќе се тресат мрежите на двете екипи.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.98)

 

3004 Фиорентина – Лацио (Сабота, 20.45 часот)

Фиорентина се уште го нема обезбедено опстанокот, иако е во добра позиција, но од Виолетовите се очекуваше многу повеќе сезонава. Имаат одличен тим, што не игра добро и нема позначителни резултати.

Единствена светла точка им е Душан Влаховиќ, еден од најмладите играчи во составот. Игра извонредно, постигна 19 гола и е при врвот на листата со најдобри стрелци.

Податокот дека вториот најдобар стрелец на Фиорентина е Кастровили со само пет гола, доволно говори дека Влаховиќ речиси сам го предводи нападот.

Лацио го има Чиро Имобиле, кој исто како и Влаховиќ има постигнато 19 гола, па нивната битка на „Артемио Франки“ ќе биде интересна.

Лацио е во подобра форма, на последните 8 меѓусебни дуели со Фиорентина е непоразен, патем бие и битка за пласман во Лигата на шампионите и очекувам да победи.

Предлог тип: 2& 1+I& 1+II (3.05)

 

3006 Беневенто – Калјари (Недела, 15 часот)

Двете екипи имаат интересна традиција во меѓусебните дуели и сите три што ги одиграа во Серија А завршија со резултат 2:1.

Калјари е поуспешен и има две победи, но сега ќе типувам дека Беневенто ќе го израмни скорот.

Домаќините го победија Јувентус во Торино и потоа наместо со поголеми мотиви да си обезбедат опстанок влегоа во црна серија од шест меча без триумф.

Сега немаат право на кикс во вистинско дерби за опстанок. Ќе им недостасува напаѓачот Марко Сау, но верувам дека и без него ќе го победат Калјари, иако гостите според коефициентите се фаворити.

Предлог тип: 1 (3.15)

 

3008 Верона – Торино (Недела, 15 часот)

За Верона ова е меч без посебно значење во резултатска смисла, бидејќи веќе немаат шанси за настап во Европа. Формата им е во пад, што е очигледно и според резултатите со само една победа на последните 9 натпревари.

Торино успеа да ја победи Парма во исклучително значаен и тежок меч, па е на прагот да обезбеди опстанок во Серија А.

Биковите се во подобра форма од денешниот ривал, кој нема посебни мотиви. Интересна им е и традицијата на двете екипи, кои постигнуваа голови на последните пет меѓусебни натпревари.

Очекувам така да биде и во ова коло, бидејќи и Верона и Торино имаат добри напаѓачи.

Предлог тип: ГГ3+ (2.16)

 

3657 Јувентус – Милан (Недела, 20.45 часот)

Јувентус е многу незгоден ривал за Милан, со само еден пораз на последните 13 меѓусебни дуели. Тоа е и најлош биланс на Росонерите против било која екипа во Калчото, што потврдува дека тешко им оди во дуелите со Старата дама.

Јувентус не игра добро сезонава и ќе биде катастрофа за нив ако не успее да обезбеди настап во Лигата на шампионите. И Милан падна во темпото во финишот на сезоната, но се уште има шанси за пласман во ЛШ.

Има најави дека и Јувентус и Милан ќе бидат суспендирани од УЕФА поради тоа што не се откажуваат од Суперлигата, но не верувам дека тоа ќе влијае на дербито во Серија А.

Двете екипи имаат свои адути, Јувентус очигледно не му лежи на Милан и најмногу поради традицијата ќе типувам дека ќе победи.

Предлог тип: 1&1+I& 1+II (2.95)

 

- Оглас -

Најнови вести