Стојков типува дерби без победник во Рим

3004 Беневенто – Специја (Сабота, 18 часот)

Беневенто игра убав фудбал за око, иако тоа не им донесе успех во последните три кола. Сега имаат шанса да ја забележат третата победа во Серија А, против познат противник со кого биеја битки во Втората лига лани.

Беневенто ги доби двата дуели во Серија Б и на убедлив начин се пласира во највисок ранг на натпревари.

Филипо Инѕаги се промовира во одличен тренер и добро го предводи Беневенто, па ми се чини дека имаат добри шанси да ја остварат целта и да изборат опстанок во Серија А.

Специја има многу повредени играчи, дури деветмина се неизвесни за настап во дербито на долниот дел на табелата што е преголем хендикеп и за посилни екипи.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (2.35)

 

3005 Парма – Фиорентина (Сабота, 20.45 часот)

Парма беше на прагот на подвиг против Интер, но не издржаа, па победата им побегна со гол примен во последните моменти.

Сепак одиграа одлична партија фудбал на „Џузепе Меаца“, а ме импресионираше Жервињо. Иако има 33 години игра како во најдобрите денови и и задаваше многу мака на одбраната на Интер. Очекувам да продолжи во исто темпо и ако го стори тоа и дефанзивците на Фиорентина ќе имаат многу проблеми со него.

Виолетовите некако почнаа да ги репризираат претходните сезони. Секогаш најавуваат атак на врвот, имаат квалитетни играчи, но не успеваат да го потврдат тоа на терен.

И сега стартот им е скромен, па ќе мора да почнат да победуваат за да ги остварат високите цели. И двете екипи немаат што да бранат, очекувам офанзивен фудбал и многу голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.88)

 

3006 Лацио – Јувентус (Недела, 12.30 часот)

Интересно ќе биде дербито во Рим, бидејќи и двете екипи се екстра-квалитетни, но и со многу густ распоред на натпревари. И Лацио и Јувентус солидно туркаат во Лигата на шампионите, но не им оди како што очекуваа во Серија А.

Јувентус нема пораз во Калчото, но и не игра добро, а Лацио има само 10 бода на десеттото место, што не е соодветна позиција за квалитетни играчи од калибарот на Имобиле, Милинковиќ-Савиќ, Пароло, Кореа…. Имаа и проблем со корона-вирусот, исто како и Јувентус, па полека се враќаат на нормален колосек.

Очекувам тврд меч, со малку позатворени варијанти и да се игра претпазливо, па можеби ремито е најреален исход.

Предлог тип: Х (3.70)

 

3007 Аталанта – Интер (Недела, 15 часот)

Речиси идентичен е случајот и кај Аталанта и Интер како и кај Лацио и Јувентус, играат премногу натпревари на стартот од новата сезона, па тоа се одразува и на резултатите.

Аталанта има многу проблеми со повреди на играчите и пак ќе мора да игра без неколку стандардни првотимци, од кои Де Рон, Хатебур и Госенс се тешко заменливи.

И Интер има проблем, бидејќи е најевено дека повторно нема да игра Ромелу Лукаку, најдобриот стрелец во тимот. Сепак ова е второто дерби на колото, ќе биде возбудливо, а и двете екипи играат офанзивно. Даваат и примаат многу голови, па мојот избор е најмалку три гола и тоа најмалку по еден во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.56)

 

3009 Торино – Кротоне (Недела, 15 часот)

Торино загуби добиен меч против Лацио и повторно потврди дека има многу проблеми со одбраната. Во некои минати времиња тешко би се случило тим во Италија да загуби со голови во 95. и во 98. минута, но сега во услови на пандемијата и без публика се е можно.

Биковите сепак успеаја да ја победат Џенова, што им е прв триумф сезонава во Серија А и тоа ќе им биде добар потстрек за мини-серија од два триумфи.

Кротоне е симпатична екипа, но и прв кандидат за испаѓање, па очекувам Торино да ја искористи разликата во квалитет за втора победа по ред.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (2.55)

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести