Стојков верува во моќта на фаворитите и во реми во дербито за опстанок

3003 Сасуоло – Верона (Сабота, 15 часот)

Ако сакаат да ги продолжат надежите за европски настап идната сезона, ова е последната шанса на двете екипи со победи да се приклучат кон битката за првите шест позиции.

Сасуоло беше во добра позиција да биде сериозен кандидат за Европа Лигата, но во последните три кола со само еден освоен бод драстично си ги намали шансите.

Ќе им недостига опасниот Бога, но Сасуоло има одлични офанзивни играчи со голем потенцијал. Верона пак ќе игра без Калиниќ, но и без него не загубија од Јувентус и го победија Беневенто.

Очекувам напаѓачки фудбал од двете екипи и многу голови на Мапеи.

Предлог тип: ГГ3+ (2.24)

 

3004 Беневенто – Фиорентина (Сабота, 18 часот)

Катастрофалната серија во 2021 година со само една победа на 12 натпревари во Серија А донесе многу проблеми за Беневенто. Од комотна позиција стасаа до вртлогот што може да ги врати во Серија Б, бидејќи сега имаат само шест бода повеќе од Торино.

Ниту Фиорентина не е во многу подобра позиција, имаат ист број бодови 26, како и Беневенто, па и нив ги чека битка за опстанок.

Тоа е неочекувано сценарио за тимот од Фиренца, кој има одлични играчи, но и лоши резултати. Според коефициентите гостите се фаворити, но тешко победуваат, а како што играат и двете екипи веројатно и реми ќе биде полна капа.

Предлог тип: Х (3.25)

 

3007 Парма – Рома (Недела, 15 часот)

На Парма многу ќе и фалат двата загубени бода во Фиренца, што ги прокоцкаа со несреќен автогол на Јакопини во 94. минута.

Можат дури и да бидат клучни за опстанокот, бидејќи Парма е во незавидна ситуација, на претпоследното место со само 16 бода.

Иако играат против големиот фаворит Рома, домаќините мора да атакуваат на победа, што може да им отвори шанса на гостите за ефектни контранапади.

Рома успешно си ја заврши работата против Шахтар со победа од 3:0 во првиот осминафинален меч во Европа Лигата, па можат комплетно да се насочат кон Серија А.

Со победа на „Енио Тардини“ повтгорно ќе се вратат на четвртото место пред Аталанта, а ќе чекаат и кикс на Јувентус за пробив на третата позиција.

Гостите се поквалитетни и типувам дека ќе победат, на меч на кој ќе има најмалку по еден гол во двете полувремиња.

Предлог 2&1+I&1+II (3.00)

 

3009 Калјари – Јувентус (Недела, 18 часот)

Јувентус имаше малку време да се среди по шокантната елиминација од Порто во Лигата на шампионите. Потресот кај најтрофејниот клуб во Италија е голем, што може да се одрази и на продолжението во Серија А.

Сега лек се само победите, а убава шанса за тоа е против тимот што ги победи само еднаш на последните 22 меѓусебни дуели, и тоа лани во 37. коло кога Јувентус веќе беше првак на Италија.

Калјари се бори за опстанок, имаат само два бода повеќе од Торино на една позиција над опасната зона и ќе сакаат да ја искористат кризата кај Јувентус.

Ќе типувам дека ќе имаат сили за отпор само во првото полувреме и дека Јувентус ќе победи на „Сардена арена“ во Калјари.

Предлог тип: Х-2 (4.55)

 

3010 Милан – Наполи (Недела, 20.45 часот)

Дербито на 27. коло во Серија А ќе биде исклучително возбудливо, бидејќи и двете екипи се кандидати за висок пласман.

Милан мора да победи, ако сака да го задржи чекорот со Интер во битката за Скудетото, а и Наполи нема простор за калкулации и мора да оди на три бода.

Гостите имаат можност со победа на овој меч и потоа ако го надиграат Јувентус во заостанатиот натпревар да се пробијат и до позициите што водат во Лигата на шампионите.

Проблемите на двете екипи се познати. Милан има доста отсутни важни играчи од калибарот на Ибрахимовиќ, Ребиќ, Бенасер и Манџукиќ, но можно е да се врати Чалханоглу.

Наполи постојано е во некаква криза, атмосферата не е добра, најмногу поради постојаниот притисок врз Џенаро Гатузо, но имаат одличен тим за врвни дострели.

Во меч каде не може да има калкулации и треба да се освојат бодовите по секоја цена, очекувам да има и многу голови.

Предлог тип: ГГ3+ (2.21)

 

- Оглас -

Најнови вести