Каков Меси, каков Суарез…Столе Димитриевски е најдобар играч во Примера за 18.коло

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски е прогласен за најкорисен играч во шпанската Примера дивисион за 18. коло. МВП признанието Димитриевски го заслужи благодарение на блескавите одбрани што ги имаше на голот на Рајо Вајекано на гостувањето кај Валјадолид, во победата од 1:0.

Димитриевски беше нерешлива енигма за домашните фудбалери, а кулминација беше одбранетиот пенал во последната минута од мечот. На крајот, Столе имаше шест одбрани на овој меч, а на официјалната фејсбук страна на Примера дивисион, само е потврдено дека Димитиревски е МВП за 18. коло.

Откако доби шанса да брани за мадридскиот тим, Македонецот има по 4,3 одбрани на меч и е еден од најдобрите во Примера. Со Димитриевски на голот, Рајо Вајекано победи на три од последните пет меча и сега има реални шанси да се надева на опстанок во Примера.

Димитриевски вечерва ќе има нов предизвик. Рајо на свој терен игра против Селта Виго и со евентуални нови три бода, тимот ќе излезе од зоната за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести