Столе Димитриевски ќе ужива – Рајо Валјекано прави пеколен тандем со Радамел Фалкао и Диего Коста

Рајо Валјекано има можност да го ангажира Диего Коста и да спои пеколен напаѓачки тандем со Радамел Фалкао, во кој на терен би уживал и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Коста сака да се врати во Шпанија, како што е објавено, од семејни причини, и би прифатил трансфер од Атлетико Минеиро за 1 милион евра плус бонуси.

Шпанскиот репрезентативец е навикнат на Мадрид и тоа е основната причина што сака камбек во клуб за којшто играше како позејмен фудбалер во 2012 година.

Тогаш одигра 16 меча за Рајо Валјекано и постигна 10 гола, а трипати беше член на Атлетико Мадрид.

Фалкао има 36 години и е три лета постар од Коста, а тој веќе одигра една сезона за Рајо, минатата, и на 22 меча постигна шест гола.

Од 2011 до 2013 година Коста и Фалкао беа соиграчи во Атлетико Мадрид, потоа една сезона 2015/16 беа заедно во нападот на Челзи, а сега една деценија подоцна пак имаат можност да бидат во ист клуб од главниот град на Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести