Столе Димитриевски статистички меѓу најдобрите голмани на ЕП

Македонската „единица“, Столе Димитриевски, после првите две кола е еден од најкорисните голмани на Европското првенство. Иако прими 5 гола, Димитриевски со своите одбрани против Австрија и Украина спречи поубедливи порази на Црвено-жолтите.

Во двата настапи, Столе има вкупно 11 одбрани. Тој одбрани и еден пенал, па сето тоа го прави меѓу најдобрите голмани на шампионатот според учиникот. На вчерашниот меч против Украина, Димитриевски имаше седум одбранети шутеви на противниците, од кои четири беа шутеви од близина, во 16-никот.

Многумина мислат дека Димитриевски е меѓу најсветлите точки во македонската селекција на ова ЕП, и репрезентативец чија цена најмногу ќе се крене после ова првенство.

- Оглас -

Најнови вести