Столе и набива комплекс на Барса, пак не прими гол и победи со 1:0 (Видео)

Столе Димитриевски повторно бранеше импресивно против Барселона и пак не прими гол, а со Рајо Валјекано слави победа од 1:0 на „Камп Ноу“.

Македонскиот репрезентативец го сочува голот против шпанскиот гигант по вторпат сезонава, откако во Мадрид во првиот дел од сезоната не дозволи да му се тресе мрежата во победата од 1:0.

Тогаш му одбрани пенал на Мемфис Депај, а потоа отказ доби Роналд Куман, кој беше сменет од кормилото на Барселона.

Вечерва се случи уште едно чудо и пак Димитриевски не прими гол и слави голема победа од 1:0 што му носи опстанок на Рајо Валјекано.

Победничкиот гол го постигна Гарсија во седмата минута.

Особено драматично беше во финишот кога беше покажано судиско продолжение од цели 11 минути, а Димитриевски бранеше феноменално и не дозволи израмнување.

Барселона израмни рекорд стар три децении, а е негативен со три порази по ред на домашен терен.

Ајнтрахт во Евриопа Лигата ги победи со 3:2 и ги елиминира во четвртфиналето, а потоа на „Камп Ноу“ победуваа и Кадис и вечерва Рајо Валјекано со по 1:0.

Рајо Валјекано по големата победа вечерва има 40 бода, 10 повеќе од Гранада и има речиси сигурен опстанок.

Барселона е на второто место со 63 бода, колку што има Севилја и му овозможи на Реал Мадрид да ја прослави новата титула.

- Оглас -

Најнови вести