Столе му ја спушти ролетната на Алавес, Рајо надвор од зоната за испаѓање

Рајо Валјекано славеше минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Алавес во последниот дуел од 21-вото коло во Ла Лига. Нашиот македонски репрезентативец, Столе Димитриевски, сега брои три меча на кои успева да ја сочува мрежата, а интересно е што Рајо во тие три средби победи со идентичен резултат од 1-0.

Единствениот гол на „Мендизороца“ го постигна Раул де Томас во 47-мата минута, што беше доволно за Рајо да ја запише шестата овосезонска победа. Алавес го претрпе првиот пораз сезонава на домашен терен.

Со овие три бода, Рајо успеа да излезе од зоната за испаѓање, сега имаат вкупно 23, односно два повеќе од Селта Виго. Алавес и по ова коло ќе остане високо на петтата позиција со 32 бода, еден повеќе од Хетафе.

 

- Оглас -

Најнови вести