Столе пред предизвик, Роналдо ќе биде во составот на Јунајтед

Има место за Кристијано Роналдо во составот на Ерик Тен Хаг за утрешната контролка против Рајо Валјекано на „Олд Трафорд“. Столе Димитриевски, македонскиот репрезентативец, доби своја улога во сагата меѓу Португалецот и Црвените ѓаволи.

Столе ќе има прилика да го брани својот гол во камбекот на Кристијано во составот на Јунајтед прпват по неговото барање за трансфер претходно месецов. Роналдо денес тренираше со екипата и веднаш му се стави на располагање на Тен Хаг.

„Кристијано е во составот и ќе игра против Рајо. Ќе видиме колку минути ќе може да издржи“, изјави Холанѓанецот во пресрет на последната контролка за оваа претсезона.

Со посебно внимание ќе се проследи дуелот во Манчестер, бидејќи бунтовниот Роналдо ги пропушти подготовките обидувајќи се присилно да изнуди трансфер, без разлика што неколку гиганти му ја затворија вратата. Управата дури и одби предвремено да се прекине соработката, па како што стојат работите Роналдо засега останува во клубот.

- Оглас -

Најнови вести