Столе против Роналдо од првата минута на „Олд трафорд“

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано за помалку од еден час ќе ги одмерат силите со Манчестер јунајтед на култниот „Олд трафорд“, како последен пријателски натпревар во пресрет на новата сезона.

Столе ќе му брани на Кристијано Роналдо од првата минута, откако Португалецот се најде во почетниот состав на Ерик Тен Хаг, иако пред само два дена почна да тренира со екипата.

Холандскиот стратег изненади со изборот да му даде шанса на Роналдо во стартните 11 со оглед на тоа дека Португалецот притиска за трансфер. Тен Хаг вчера најави дека Кристијано ќе биде во составот, но не и како стартер.

https://twitter.com/ManUtd/status/1553738535563411457

- Оглас -

Најнови вести