Столе првпат брани против Рајо во кој испиша историја, и им прочита пенал (Видео)

Натпреварот помеѓу Валенсија и Рајо Ваљекано кој се игра во моментов на „Месталја“, е посебен за Столе Димитриевски бидејќи македонскиот голман кој сега го брани голот на Валенсија е втор на листата на странци со најмногу настапи за Рајо во кој мина шест сезони.

Пред две години Столе од Рајо се пресели во Валенсија, а денеска првпат брани против својот некогашен клуб. Во осма минута беше досуден пенал за мадридскиот тим, но Нтека ја погоди стативата. Димитриевски го прочита Нтека, се фрли на вистинсата страна и веројатно ќе одбранеше ако топката одеше во рамки на голот.

Десетина минути Рајо сепак го совлада кумановецот и води со 1-0.

Ова е нереализираниот пенал на Нтека од Рајо:

- Оглас -

Најнови вести